Ekipa
22 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку едно лице загина, а шест се повредени во самоубиствен бомбашки напад што се случи утринава во северозападниот дел на Пакистан, јавува Anadilu Agency (AA).
Цел на нападот беше предизборниот митинг во покраината Хајбер-Пахтунва.
„Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот на себе во близина на конвојот на предизборниот кандидат Икрамул Гандапут кој одел на предизборен митинг во Луни Дарбар“, изјави полицискиот офицер Захур Африди.
Ранетиот Гандапут е поранешен пакистански министер, кој е кандидат за член на Парламентот од радикалната десничарска партија Пакистан Tахрик-е-Инсаф (PTI), на изборите кои во земјата ќе се одржат на 25 јули.
Возачот на автомобилот на Гандапут е убиен, а најмалку пет лица се повредени.
Паралелно со ова, уште еден поранешен министер и кандидат на претстојните избори, Акрам Кан Дурани, утринава избегнал сличен обид за атентат во Бану, исто така во покраината Хајбер-Пахтунва.
Никој не ја презеде одговорноста за утринските напади, но полицијата го обвини милитантското Талибанско движење, кое веќе ја презеде одговорноста за последиците од трите бомбашки напади на митинзите во Пакистан.
Најголемиот бомбашки напад се случи на 13 јули, кога во Белуџистан беа убиени најмалку 140, а 150 лица беа повредени.