Muhammet Nazım Taşcı
17 Јануари 2024•Ажурирај: 18 Јануари 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Високи пакистански разузнавачки извори изјавија дека сите опции се на маса како одговор на синоќешниот напад на Иран врз пакистанската покраина Белуџистан, јавува Анадолу.
Пакистански разузнавачки извори за Анадолу излегоа со тврдење дека иранската „милитантна група по име Џејшул Адл“ синоќа извршила напад врз пограничниот град Панџгур, потенцирајќи дека Техеран нападнал недолжни деца.
Изворите истакнаа дека Пакистан не реагирал избрзано на нападот на Иран, осврнувајќи се на одговорот што ѝ беше даден на Индија во Балакот во февруари 2019 година, додавајќи дека Исламабад бил добар во давањето „одговор“.
Информирајќи дека во тек е многу важен и итен состанок по ова прашање, изворите истакнаа дека сите опции се на маса како одговор на нападот што ги изврши Иран.
Изворите нагласија дека Пакистан е свесен за регионалната ситуација и оценија дека Иран има намера да остане на дневната агенда во момент кога не може да даде значаен придонес за ставање крај на кризата во Газа.
Вчера во соопштението на Министерството за надворешни работи на Пакистан остро беше осудено неиспровоцираното нарушување на воздушниот простор на земјата од страна на Иран и беше наведено дека во нападот животот го загубиле две деца, а три девојчиња се повредени.
Во соопштението се нагласува дека таквото кршење на суверенитетот на Пакистан е неприфатливо и може да предизвика сериозни последици.