Emre Aytekin
19 Август 2020•Ажурирај: 20 Август 2020
АНКАРА (АА) - Пакистанскиот премиер Имран Кан соопшти дека Пакистан нема да го признае Израел сè додека Палестинците не ги добијат своите права, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто за телевизискиот канал „Dunya News“ по повод завршувањето на својата втора година од мандатот, Кан, во однос на одлуката на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за нормализирање на односите со Израел рече дека Исламабад не размислува да преземе сличен чекор, што би значело признавање на Израел.
Нагласувајќи дека основачот на Пакистан, Мухамед Али Џинах, продолжува безусловно да ја поддржува палестинската кауза, Кан рече: „Нашиот став кон Израел е јасен. Не можеме да го признаеме Израел сè додека Палестинците не ги добијат своите права. Тоа е можно само со реализирање на решението за две држави“.
Кан истакна дека признавањето на Израел за Пакистан би значело откажување од своите права во Кашмир, за кој е во спор со Индија, и дека двата проблеми имаат исти историски корени.