Oktaj Omeragikj
08 Мај 2025•Ажурирај: 09 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) - Во услови на континуирани израелски напади и зголемена блокада, кризата со вода во Појасот Газа расте, а жителите во Хан Јунис користат вода која им се испорачува со цистерни за да ги задоволат своите дневни потреби, јавува Анадолу.
Пристапот до чиста вода останува многу ограничен и нередовен, што ги влошува хуманитарните предизвици со кои се соочуваат Палестинците додека израелските напади се во тек.
На 2 март Израел ги затвори премините во Газа за храна, медицинска и хуманитарна помош, продлабочувајќи ја веќе тешката хуманитарна криза во палестинската енклава.
Повеќе од 52.600 Палестинци се убиени во Газа откако Израел ја започна својата офанзива во октомври 2023 година.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.