Qays Abu Samra,Mahmut Geldi
04 Август 2016•Ажурирај: 05 Август 2016
ЕЛ-ХАЛИЛ – (АА) – На протестите организирани поради рушењето на две палестински куќи во Ел-Халил, Западна Шерија, интервенирале израелски војници и со гумени куршуми и солзавец повредиле четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од сведоците, во раните утрински часови, со цел да ги срушат куќите на две семејства израелските војници направиле претрес на населбата Јета, која се наоѓа во јужниот дел на градот Ел-Халил.
Дошло до судир меѓу израелските војници и граѓаните. Палестинците фрлале камења на израелските војници, а израелските војници им вратиле со гумени куршуми и солзавец. Како резултат на интервенцијата на израелските војници биле повредени четворица Палестинци, а поради солзавецот десетмина биле во опасност од задушување.
Било утврдено дека куќите на Халид Махамира и неговиот братучед Мухамед Махамира биле прво претресени, а потоа срушени од страна на израелските сили. Тие тврделе дека Халид и Мухамед биле извршители на нападот во Тел Авив пред два месеца, напад во кој загинале четири лица.