свет

Палестинците се борат со сиромаштијата, а Израел продолжува со бомбардирањето на Газа

Поради нападите на Израел врз Појасот Газа што траат повеќе од една година, Палестинците имаат тешкотии во наоѓањето храна и секојдневните основни потреби за живот.

Oktaj Omeragikj  | 18.10.2024 - Обновена : 18.10.2024
Палестинците се борат со сиромаштијата, а Израел продолжува со бомбардирањето на Газа Фото: АА

СКОПЈЕ (АА) - На 22 декември 1992 година Обединетите нации (ОН) го прогласија 17 октомври за Светски ден за борба против сиромаштијата, известува Анадолу.

Обединетите нации направија ваков чекор за подигнување на свеста кај луѓето со цел да се намали сиромаштијата на глобално ниво и да се привлече вниманието на прашањето за сиромаштијата низ светот.

Поради нападите на Израел врз Појасот Газа што траат повеќе од една година, Палестинците имаат тешкотии во наоѓањето храна и секојдневните основни потреби за живот. Палестинските семејства, бегајќи пред израелските бомбардирања, засолниште најдоа во импровизирани шатори во градот Кан Јунис. Тие работат напорно секој ден за да можат да им обезбедат храна на своите деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.