Ahmet Gençtürk
12 Декември 2024•Ажурирај: 13 Декември 2024
АТИНА (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, и палестинскиот претседател Махмуд Абас разговараа за последните случувања во Палестина, објави денес Канцеларијата за печат на Ватикан, пренесува Анадолу.
На средбата станало збор за сериозната хуманитарна состојба во Газа, за прекин на огнот и за итно ослободување на сите затвореници, се наведува во соопштението.
Папата и Абас разговарале и за имплементацијата на решението за две држави преку „дипломатија и дијалог“ и важноста на посебниот статус за Ал-Кудс / Ерусалим.
Во октомври 2023 година, Израел започна војна во Појасот Газа спроведувајќи геноцид врз Палестинците, убивајќи повеќе од 44.800 луѓе, главно жени и деца.
На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Јужноафриканската Република поднесе тужба за геноцид против Израел до Хашкиот трибунал кон крајот на 2023 година, тврдејќи дека Тел Авив не ги исполнил своите обврски кон Конвенцијата за геноцид од 1948 година.