Mehmet Nuri Uçar
04 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
АБУ ДАБИ (АА) - Папата Франциско допатува во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), што воедно е негова прва посета на една од земјите во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Папата на аеродромот го дочекаа принцот на Абу Даби, Мохамед бин Заед Нахјан, и имамот на Ал Азхар, шеикот Ахмед ел Таеб.
Поглаварот на Римокатоличката црква за време на тродневната посета на Абу Даби ќе присуствува на конференцијата за меѓурелигискиот дијалог и ќе се состане со Таеб.
Ватикан претходно соопшти дека папата добил повик за конференцијата од принцот Нахјан и претставниците на Католичката црква во ОАЕ.