Davit Kachkachishvili
01 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
ТБИЛИСИ (АА) - Духовниот лидер на католичкиот свет, папата Франциско организираше литургијаа во главниот град на Грузија, Тбилиси, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу присутните на литургијата предводена од папата на стадионот „Михаил Меши” беше и претседателот на Грузија, Георги Маргвелашвили, како и илјадници граѓани.
Во своето обраќање папата Франциско им се заблагодари на сите присутни и изрази посебно задоволство поради присуството на претставници на Грузиската православна црква.
Во својот говор папата ја потенцираше вербата и љубовта и истакна дека во време кога многу луѓе страдаат и кога на многу места се пчинат неправди, луѓето имаат поголема потреба од љубов и солидаризирање.
Литургијата траеше околу 3 часа.
Папата Франциско, којшто вчера пристигна во Грузија, на Меѓународниот аеродром во Тбилиси, „Шота Руставели”, беше пречекан од страна на грузискиот претседател Георги Маргвелашвили, претседателот на Собранието Давит Усупашвили, и вториот патријарх на Грузиската православна црква, Илија.