Bedrudin Brljavac
11 Јуни 2024•Ажурирај: 12 Јуни 2024
АНКАРА (АА)
Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024), кое првпат се одигра во 1960 година и се организира на секои четири години, оваа година се одржува во Германија во период од 14 јуни до 14 јули, известува Анадолу.
Европското првенство 2024 ќе започне со натпреварот меѓу селекциите на Германија и на Шкотска, кој ќе се одигра на стадионот во Минхен, на 14 јуни, со почеток во 21 часот.
На годинашното 17. издание на Европското првенство во фудбал, во групата Ф силите ќе ги одмерат селекциите на Туркије, Португалија, Чешка и Грузија.

- Туркије
Фудбалската репрезентација на Туркије шести пат учествува на европските првенства.
Првпат на ЕП учествуваше во 1996 година, но не ја мина групната фаза, во 2000 година избори пласман до четвртфиналето, а во 2008 година играше во полуфиналето. На последните две првенства во 2016 и 2020 година Туркије не ја мина групната фаза.
- Португалија
Репрезентацијата на Португалија деветти пат игра на европските првенства.
Португалија на ЕУРО 2016 ја освои шампионската титула, а играше во финалето во 2004 година и во полуфиналето во 1984, 2000 и 2012 година. Таа важи за еден од фаворитите на турнирот, особено поради големиот број врвни фудбалски ѕвезди во португалската репрезентација, предводена од Кристијано Роналдо.
- Чешка
По распадот на Чехословачка во 1993 година, Чешка учествуваше на сите досега организирани европски првенства.
Најголем успех постигна играјќи во финалето во 1996 година, кога загуби од Германија со резултат 2:1. Во 2004 година Чешка играше во полуфиналето, а во 2012 и 2020 година стигна до четвртфинале. На европските првенства во 2000, 2008 и 2016 година од ЕП се збогува уште во групната фаза.
- Грузија
Репрезентацијата на Грузија првпат ќе учествува на Европско првенство во фудбал. Селекцијата на Грузија направи вистинско изненадување со пласманот на ЕВРО 2024 година.