Haydar Hadi
12 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
БАГДАД (AA) - Најмалку три лица загинаа, а 14 се ранети во самоубиствен бомбашки напад во центарот на ирачкиот главен град Багдад, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачките безбедносни функционери соопштија дека нападот со три автомобил бомби е изведен на полициска станица во квартот Абу Гариб во западниот дел од Багдад.
Во силни експлозии загинаа три лица, меѓу кои и шеф на полициска станица, а ренети се 14 лица. Вчера во три одвоени бомбашки напади во Багдад се убиени најмалку 98 а ранети 100 лица. Ирак веќе неколку години со соочува со длабова политичка и безбедносна криза, која ескалираше во летото 2014 година кога терористите на ДАЕШ го заземаа вториот најголем град во таа земја Мосул и уште неколку важни региони.