AP
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА)А - Нивото на водата во Париз се приближува до врвот поради дождовите кои доведоа до зголемување на нивото на Сена, која се излеа преку брегот, а претставува закана за винските и музејски подруми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Невообичаените обилни дождови предизвикаа зголемување на нивотот на Сена и други реки во регионот. Тоа предизвика прекин на бродскиот сообраќај во Париз, вклучувајќи ги и туристичките крстарења. Некои ресторани на брегот се потопени, а патиштата и парковите затворени, како и долниот дел од музејот Лувр. Надојдената и брза Сена без бродови и чамци ја искористија рибарите за риболов.
Стотици луѓе се евакуирани долж текот на Сена, бидејќи поплавите последните неколку дена предизвикаа значителна штета во париските предградија, но за среќа не е пријавен ниту еден смртен случај или повреда на луѓе.
Сепак, францусктие власти во саботата објавија дека поплавите нема да бидат така страшни како што претходно, во текот на неделата беше прогнозирано.
Се очекува во недела нивото на Сена во Париз да се врати на ниво од 6 метри или помалку на скалата на мостот Аустерлиц, што е многу под рекордните 8,6 метри кои се забележани за време на катастрофалните поплави во 1910 година. Во нормални услови нивото на Сена под мостот Аустерлиц изнесува 1,5 метри.