Zeynep Hilal Karyağdı
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
РИЈАД (АА) - Ослободен е саудискиот милијардер, принцот Ал-Валид бин Талал, кој беше уапсен пред два месеци во рамки на истрагата за корупција, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите во Саудиска Арабија го ослободија принцот откако два месеци беше во притвор. Принцот Бин Талал е директор на управниот одбор на инвестициската компанија „Kingdom holding company". Милијардер е и внук на кралот Абдулазиз ал-Сауд, кој ја основаше Саудиска Арабија.
Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз Ал Сауд во почетокот на ноември издаде кралски декрет и формираше комисија за борба против корупцијата.
Комисијата има овластување да ги уапси и конфискува имотите и другите неопходни процедури. На чело на комисијата е престолонаследникот Мухамед бин Селман, син на кралот Селман.
Во рамките на истрагата за корупција беа уапсени голем број принцови, министри и бизнисмени.