Sena Güler
21 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
ЕРЕВАН (АА) - Партијата на ерменскиот вршител на должност премиер Никол Пашинјан, победи на предвремените парламентарни избори со освоени 53.92 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати објавени денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Неофицијалните резултати објавени од Централната изборна комисија на Ерменија покажаа дека партијата Граѓански договор на Пашијан била прва на изборите кои се одржаа вчера.
Партијата на поранешниот претседател Роберт Кочаријан, Ерменска Алијанса, е втора со освоени 21,1 отсто од гласовите.
Комисијата објави дека излезноста на гласачите на изборите била 49,4 отсто.
Дваесет и шест политички движења се натпреваруваа на изборите за ослободениот Кабинет по оставката на Пашинјан од премиерската функција на 25 април.
Вкупно 22 политички партии, заедно со четири сојузи, учествуваа на изборите за освојување на гласовите на над 2,58 милиони луѓе.
Оставката на Пашинјан дојде по минатогодишниот пораз во регионот Нагорно Карабах, каде шестнеделната војна меѓу Ерменија и Азербејџан заврши со примирје со посредство на Русија на 10 ноември.
Односите меѓу двете поранешни советски републики Ерменија и Азербејџан се тензични од 1991 година кога ерменската војска го окупираше Нагорно Карабах, територија меѓународно призната како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.