Şeyma Erkul Dayanç
02 Април 2026•Ажурирај: 03 Април 2026
ИСТАНБУЛ (АА) - Патниците што пристигнуваат на аеродромот во Брисел, Белгија, утринава се соочуваат со долго чекање на пасошката контрола поради воведувањето на новиот европски систем за влез и излез, изјави портпаролот на аеродромот, Квентин Мертенс, јави јавниот сервис РТБФ, пренесува Анадолу.
„Новиот европски систем за влез и излез (EEС), исто така, влијае врз времето на обработка на податоците“, изјави Мертенс.
Минатиот викенд сојузната Влада донесе одлука за одложување на прибирањето биометриски податоци, т. е. отпечатоци од прсти и скенирање на лице, за EEС системот откако неговата имплементација предизвика „неприфатливи“ редици.
Патниците што немаат европско државјанство и понатаму мора да се регистрираат дигитално.
Аеродромот во Брисел очекува голем проток на патници со почетокот на велигденските празници во фламанските училишта, предвидувајќи повеќе од 1,25 милиони патници во периодот меѓу 17 и 19 април.
Со европскиот систем за влез и излез се евидентираат влегувањето и излегувањето на патниците што не се европски државјани, со цел да се зајакнат безбедноста на границите и мониторингот на миграцијата.
Католичките и протестантските христијани го прославуваат Велигден на 5 април, а православните христијани ќе го слават празникот една недела подоцна, на 12 април, поради разликите во календарите.
Православната црква го користи јулијанскиот календар, а западните цркви го користат грегоријанскиот календар, што честопати е причина православниот Божиќ и Велигден да се паѓаат подоцна.