Kasım İleri
31 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Пентагон соопшти дека на ПЈД, огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија, ѝ доставиле пешадиско оружје, муниција и опрема, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Пентагон, мајорот Адријан Ранкин Галовеј, за АА потврди дека САД на ПЈД ѝ испратиле оружје и муниција.
„Потврдувам дека денес на курдските структури на Сириските демократски сили им испративме пешадиско оружје, муниција и опрема”, изјави Галовеј.
Тој не сакаше да прецизира за колкави количини на оружје и муниција станува збор.
Да потсетиме, американскиот претседател Доналд Трамп, на почетокот на мај му наложи на Пентагон во рамките на операцијата за Рака на ПЈД да ѝ достават оружје и опрема.