Amina Zorniç
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ПЕНТАГОН (АА) – Од седиштето на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), најавена е иницијатива од 317 милиони американски долари за развој на високотехнолошки текстил кој значително ќе ја унапреди воената опрема на американските војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува, американското министерство за одбрана ќе го финансира конзорцијумот на универзитетот, произведувачите и други релевантни учесници за основање на институт за напреден текстил со седиште во Камбриџ, во сојузната држава Масачусетс.
Целта е да се изработи материјал „со кој може да се комуницира, кој може да ја циркулира енергијата, да ја регулира температурата, да ја следи здравствената состојба на војниците и уште многу други работи”, изјави министерот за одбрана Аш Картер.
„Револуционерните влакна и текстил имаат огромен потенцијал за нашата одбрамбена мисија”, изјави Картер.
Во проектот ќе бидат вклучени и компаниите Nike, New Balance, Bose, Intel, DuPont, Buhler Quality Yarns и други компании.