Dmıtrı Chırcıu
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија и понатаму е загрижена поради состојбата во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Песков во изјава за медиумите во Москва говореше за можноста за средба на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.
„Нема конкретен план за состанување на лидерите. Но, Москва не го игнорира тоа“, рече Песков.
Тој говореше и за состојбата во Идлиб: „Продолжуваме да бидеме загрижени поради состојбата во Идлиб.“
Потсетуваме, турското Министерството за национална одбрана соопшти дека како резултат на интензивниот артилериски оган на силите на режимот во Идлиб, загинале 5 турски војници, а пет војници се повредени.