Islam Uddin
02 Ноември 2022•Ажурирај: 07 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Пет лава избегаа од нивниот кафез во Зоолошката градина „Таронга“ во Сиднеј, што предизвика кратка вонредна состојба денеска, соопштија официјални лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните власти, еден возрасен лав и четири младенчиња се забележани во мала област во непосредна близина на нивниот кафез каде што ограда од шест метри ги делеше од остатокот од зоолошката градина.
„Сите лица [што се најдоа] на самото место, беа преместени во безбедни зони. Четири од лавовите мирно се вратија во своите дувла, а едно младенче беше смирено на безбеден начин. Младенчето сега е будно и добро“, се додава.
Според првичниот извештај, поради нецелосност на оградата, петте лава привремено излегле од нивниот главен изложбен простор, но ситуацијата била ставена под контрола за неколку минути.
„Ова е значаен инцидент, во тек е целосна проверка за да се утврди точно како лавовите успеале да излезат од нивниот главен кафез“, се вели во соопштението.