Şerife Çetin
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, учествуваше на 18. Интерконтинентален состанок за економска соработка (MIKTA), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу оваа информација ја потврди преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Тој информира дека состанокот е одржан онлајн, и дека учествувале министрите за надворешни работи на Мексико, Индонезија, Јужна Кореја и Австралија.
Шефот на турската дипломатија упати честитки до Австралија поради преземање на претседавањето на MIKTA, додека упати благодарност до досегашниот претседавач, Јужна Кореја.
„MIKTA е добар пример за мултилатерална дипломатија“, рече Чавушоглу, додавајќи дека Турција ќе продолжи да дава придонес во оваа насока.
Инаку, MIKTA е формирана на 25 септември во 2013 година, додека дејствува како неофицијална консултативна платформа помеѓу Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Турција и Австралија.
Координацијата на состаноците на MIKTA кои се спроведуваат на ниво на министри за надворешни работи, е предводена од страна на земја претседавач.