Associated Press
31 Јули 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
БЕРЛИН (АА) - Пилотите на германска Луфтханза гласаа за можно стапување во штрајк, објави денес нивниот синдикат, истакнувајќи дека тој чекор сѐ уште може да се избегне, но дека резултатот од гласањето е сигнал до компанијата во спорот со платите, известува Агенција Анадолија (АА).
Синдикатот „Ферајнигунг кокпит“ повика на зголемување на платите за 5,5 % оваа година и автоматско приспособување на инфлацијата, почнувајќи од следната година. Луфтханза сѐ уште не понудила прифатлива понуда на одржаните шест рунди преговори.
Синдикатот исто така соопшти дека 97,6 % од пилотите кои учествувале на гласањето го одобриле организирањето штрајк.
Од синдикатот порачаа дека гласањето уште не мора нужно да доведе до штрајк, но дека тоа е сигнал до Луфтханза сериозно да ги сфати потребите на пилотите и кабинскиот персонал.
Спорот доаѓа во ек на друга кавга со синдикатот кој го претставува аеродромскиот персонал на Луфтханза во Германија. Еднодневниот штрајк што се одржа во средата во ек на недоразбирањата, доведе до откажување на повеќе од 1.000 летови.