Ekipa
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ДЕИР-ЕЗ-ЗОР/АНКАРА (АА) - Терористите од ПКК/ПЈД го зазедоа второто по големина нафтено поле во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на терористичката организација ПКК/ПЈД, како што потврдија за АА локални извори, го зазеле нафтеното поле Тенек, сместено на 35 километри источно од сирискиот Деир-ез-Зор.
ПКК/ПЈД продолжува да напредува северно и источно од Деир-ез-Зор со поддршка на Соединетите Американски Држави (САД), против терористичката организација ДЕАШ.
Милитантите на ДЕАШ се повлекоа источно од Тенек, препуштајќи ја контролата над нафтеното поле на терористите на ПКК/ПЈД.
Минатиот месец ПКК/ПЈД го зазеде најбогатото нафтено поле Ел-Омер, како и Џафра, двете во Деир-ез-Зор. Вкупно околу една четвртина од територијата на Сирија е под контрола на таа терористичка организација.
Најголемите нафтени полиња во Сирија се наоѓаат источно од реката Еуфрат, која минува низ Деир-ез-Зор.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија.