Ekipa
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа во воздушните напади на пазар во населбата Етариб, западно од Алепо во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат локалните извори, пазарот во Етариб бил цел на три воздушни напади. Населбата се наоѓа во зоната без судири во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, а е под контрола на опозициските сили.
Во времето на нападот, на пазарот имало повеќе од 100 лица, а потешко и полесно се повредени најмалку 50. Се стравува дека бројот на загинатите би можел да се зголеми.
Припадниците на цивилната заштита (Бели шлемови) ги пребаруваат урнатините на повеќе десетици објекти кои претрпеле штета во нападите.