Ekipa
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 407 лица загинаа во западниот дел на Иран, во земјотресот со јачина од 7,3 степени кој во неделата го погоди ирачкиот град Халебџа, во близина на границата помеѓу Ирак и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмногу смртни случаи има во областа Керманшах, во западниот дел на земјата. Повеќе од 7.000 луѓе се повредени.
Хеликоптери на иранскиот Црвен крст доставуваат помош за граѓаните на Керманшах, кои се сместени во шатори.
Во областа Сарполе Зехаб, граѓаните се обидуваат да ги извлечат од под урнатините своите лични работи кои не се целосно уништени. Покраинските власти во Керманшах прогласија тридневна жалост.
Американскиот центар за геолошки истражувања во неделата вечер регистрира земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот беше недалеку од ирачкиот пограничен град Халебџе.