Mehmet Nuri Uçar
16 Септември 2023•Ажурирај: 18 Септември 2023
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Влада на национално единство објави дека од 17 земји пристигнале 38 авиони за помош на погодените од поплавите кои резултираа со илјадници загинати во градовите на истокот на земјата, јавува Анадолу.
„Авионите за помош пристигнаа од 17 земји. Пет брода ќе пристигнат во наредните часови, заедно со брод опремен со хеликоптер од Италија“, се наведува во соопштението на платформата „Наша влада“, на владиниот тим за итна и брза реакција.
Во соопштението, во кое не се објавени детални информации за тоа од кои земји стигнала помошта, се наведува дека се очекува бродот што тргнува од Туркије денес да пристигне во пристаништето Тобрук на истокот на земјата.