Arife Yıldız Ünal
24 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
АНКАРА
Бродот кој синоќа беше нападнат од страна на пирати на Гвинејскиот Залив, пристигна на пристаниште во Габон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение на Твитер ја потврди Адил Караисмаилоглу, министер за транспорт и инфраструктура на Турција.
Караисмаилоглу потсети дека товарниот брод „Моцарт“ со знаме на Либерија беше нападнат на Гвинејскиот Залив од страна на пиратите.
„Бродот во 11:00 часот пристигна на пристаништето Гентил во Габон“, напиша тој.
Турскиот министер изрази сочувство поради смртта на морнарот со потекло од Азербејџан кој загина при нападот.
„Мобилизирани се сите можности со цел 15 наши морнари здрави да се враќаат во Турција“, додаде Караисмаилоглу.