свет

По ослободувањето, жителите на Африн ги поздравуваат турските војници

Репортерската екипа на АА забележа како локалните жители им приоѓаат и ги поздравуваат турските војници, и како војниците им делат подароци и им ги даваат своите оброци

Sarp Özer  | 20.03.2018 - Обновена : 21.03.2018
По ослободувањето, жителите на Африн ги поздравуваат турските војници Emin Sansar/AA

Afrin

АФРИН (АА) - САРП ОЗЕР -

По завчерашното ослободување на центарот на Африн од терористите, турските сили и деминерите ги отстрануваат останатите минско-експлозивни средства поставени претходно од страна на терористите, а локалното население ги поздравува турските војници и ги слави како ослободители на градот, јавува Anadolu Agency (AA).

Репортерската екипа на АА забележа како локалните жители им приоѓаат и ги поздравуваат турските војници, и како војниците им делат подароци и им ги даваат своите оброци.

Односот помеѓу локалното население и турските војници најдобро се отсликува преку радоста на афринските дечиња кои со радост ги поздравуваат и се дружат со војниците, а за возврат добиваат слатки и играчки кои тие многу ги посакуваа по речиси шест години терористичка окупација.

Турската војска и Слободната сириска војска во неделата наутро презедоа контрола врз центарот на градот Африн. Во текот на операцијата не е нанесена штета на цивилите, ниту на станбените објекти.

Терористите пред бегството поставија бројни мински полиња во градот, воглавно од рачно изработени експлозивни направи.

Турските деминери досега во центарот на градот отстранија речиси 50 такви направи и неколку десетици противтенковски мини.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın