Onur Usta
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Француската војска од безбедносни причини воведува забрана за играње на играта „Покемон гоу“ во воените објекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Списанието „Канар аншене“ (Le Canard Enchaine), повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Франција, наведува дека официјалните лица на француската војска планираат да воведат забрана за играње на популарната игра во воените објекти.
Се истакнува дека популарниот виртуелен лик е откриен во „чувствителни“ подрачја во зградите на Министерството и во воените објекти. Се нагласува дека во „последните месеци злонамерни лица на различни начини се обидуваат да се инфилтрираат во воените објекти, а сѐ со цел за различни напади“.
Досега војската на САД, Тајланд и на Индонезија воведоа забрана на играње на „Покемон гоу“, како што наведуваат, поради ризикот за безбедноста во овие објекти, но и поради слабостите што може да се јават во разузнавачкиот сектор.
Јапонската компанија „Нинтендо“ во почетокот на јули ни ја претстави интерактивната игра „Покемон гоу“, која на играчите им овозможува со помош на камера и џи-пи-ес да пронаоѓаат, фаќаат и да се борат со Покемони кои „оживуваат“. За сето тоа, потребно е движење на одредени локации.
Играта е забранета во неколку земји, додека во други играчите се здобиваат со повреди за време на играњето, т.е. „фаќањето“ на Покемонот, не обврнувајќи внимание на опасностите на улиците и плоштадите. Поради невнимание во движењето за време на играњето на играта, во повеќе земји се забележани неколку смртни случаи.