Ekipa
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечката авиокомпанија „Адрија ервејс“ забрани употреба на најновиот смартфон на „Самсунг“, „Галакси ноут 7“ на своите летови, поради безбедносни причини, јавува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата денес соопштија дека уредот „Галакси ноут 7“ би требало да биде исклучен за време на целиот лет, дека не може да се полни во текот на летот и дека не би требало да биде ставен во прегледаниот багаж. Од „Адрија ервејс“ додаваат дека одлуката е во согласност со препораките што ги издаде Агенцијата за безбедност на сообраќајот, која е издадена по извештајот за десетици случаи во кои телефонот експлодирал или се запалил поради неисправна батерија.
Самсунг повлече 2,5 милиони телефони „Галакси ноут 7“ откако неколку десетици од овие уреди се запалиле или експлодирале, најверојатно поради фабричка грешка.
Воздухопловните власти во САД, Австралија и во Европа ги повикаа патниците за време на летовите да не ги користат и да не ги полнат моделите „Ноут 7“ на телефонот на „Самсунг“, и да не ги ставаат во прегледаниот багаж.