Muhammed Sabry
30 Октомври 2023•Ажурирај: 01 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Бројот на палестински жртви од израелските бомбардирања во Појасот Газа се зголеми на 8.306, соопшти денес Министерството за здравство во блокираната енклава, јавува Анадолу.
„Меѓу жртвите се наоѓаат 3.457 деца и 2.136 жени, додека повеќе од 21.048 луѓе се повредени“, изјави портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кудра, на прес-конференција во градот Газа.
Тој рече дека 25 болници биле исклучени од употреба, а 25 амбулантни возила биле цел на израелските воздушни напади во Газа.
„Окупацијата намерно се обидува да ја парализира службата за брза помош“, рече портпаролот.
Израелската Армија ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, во кој се вршат немилосрдни воздушни напади по ненадејната офанзива на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Во нападот на Хамас загинаа повеќе од 1.538 Израелци.