Murat Karadağ
15 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранската изборна комисија уште денес ги прифаќа барањата за кандидатура за претседател на изборите во оваа земја, кои ќе бидат одржани на 19 мај оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Податоците на изборната комисија покажуваат дека до денес повеќе од илјада лица пратиле барање за кандидатура, односно желба да бидат во трката за шеф на државата.
За кандидатура аплицираше актуелниот претседател на земјата Хасан Рухани, а како негови најсилни конкуренти се наведени поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмединеџад и еден од главните претставници на конзервативното крило, Ибрахим Раиси.
Ибрахим Раиси во изјава за АА се осврна на решавањето на сириското прашање, и порача дека тоа не е можно со присуство на странски сили.
„Како што и претходно изјавив, сириското прашање може да го реши сирискиот народ. Присуството на странски сили во Сирија секогаш ќе претставува проблем, како што ни досега нема решено ниту еден”, порача Раиси.
Велејќи дека присуството на странските сили во Сирија проблемот на оваа земја може да го стори само покомплексен, Раиси изјави: „Да го пуштиме сирискиот народ сам да ја одреди судбината на својата земја”.
Раиси е на чело на најголемата фондација во Иран, и важи за еден од најзначајните политички актери на конзервативното крило во земјата.