Ruslan Rehimov
28 Мај 2021•Ажурирај: 29 Мај 2021
БАКУ (АА) - Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека еден азербејџански војник е ранет како резултат на огнот отворен од Ерменската армија врз азербејџанските позиции во Нахчиван, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на Министерството, се наведува дека војникот кој е повреден во рамото е пренесен во болница и дека е надвор од животна опасност.
Исто така се посочува дека Ерменија е одговорна за напнатоста на граничната линија во регионот Нахчиван.
Меѓу другото, во соопштението се упатува повик до Ерменија да се воздржи од провокации и други чекори што може да ја влошат ситуацијата и да се однесува одговорно.