Betül Yürük
28 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), ортодоксните Евреи протестираа против израелската власт и нејзината политика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стотици ортодоксни Евреи маршираа по улиците на Њујорк за да ги осудат израелските напади врз Палестинците и за поддршка на Палестинците.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Антиционизмот не е антисемитизам“; исто така извикуваа пароли „Државата Израел не ги претставува Евреите!“
Рабинот Хершел Клар, еден од водачите на ортодоксната еврејска заедница, истакнувајќи дека неодамнешната напнатост меѓу Израел и Палестина се рефлектира во нивните општества, рече: „Се мисли дека сите Евреи ја поддржуваат државата Израел, но тоа, всушност, не е така. Нашето општество е против Израел и ги осудува неговите војни.“