Adel Ömeragiç
29 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
ПОДГОРИЦА (АА) - Во рамките на официјлната посета на Мешихатот на Исламската заедница на Црна Гора, претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Мехмет Гормез, ја посети утринава медресата „Мехмет Фатих“ во Погорица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гормез во придружба на реисот на Исламската заедница во Грна Гора, Рифат еф. Фејзиќ, ја посети медресата, каде што го дочекаа учениците и раководството на училиштето.
Искажувајќи задоволство што дојде во медресата која носи име „Мехмет Фатих“, Гормез на учениците им порача да бидат вредни и да се посветат на науката.
„Сведоци сме дека времето бргу минува. Чув дека веќе неколку генерации завршиле во ова училиште. Сакам да знаете дека патот кој го избравте е пат на мудроста. Бидејќи, сè што денес се случува во исламскиот свет, се случува поради незнаење. Имате голема обврска и очекуваме од вас да бидете големи алими. Поставите си големи цели, не го ограничувајте вашиот простор само на Црна Гора“, рече Гормез и ги повика учениците во текот на следното лето да ја посетат Турција.
Реисот на Исламската заедница во Црна Гора, Рифат еф. Фејзиќ, им кажа на учениците во медресата дека имаат чест што во посета на ова училиште дојде „најголемиот авторитет во исламскиот свет“.
Ова е голема привилегија за вас во однос на бројни медреси во нашиот регион“, рече Фејзиќ, обраќајќи им се на учениците.
Рано наутро, пред посетата на медресата, Гормез и Фејзиќ, jа завршија сабах-молитвата во Низамската џамија во Тузи близу Подгорица.