свет

Поддржувачите на ПКК со украдените работи на ДЕАШ во Рака ја клеветат „Маслинова гранка“

На социјалните мрежи се појави фотографија со опис „Ова е Азаз.Терористите ги продаваат работите, украдени во Африн“, која всушност е направена во 2015 година и не е поврзана со операцијата „Маслинова гранка“

Fatma Esma Arslan  | 22.03.2018 - Обновена : 23.03.2018
Поддржувачите на ПКК со украдените работи на ДЕАШ во Рака ја клеветат „Маслинова гранка“ ( Fatma Esma Arslan - AA )

Ankara

АНКАРА (АА) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК се обидоа пљачките кои припадниците на ДЕАШ ги изведоа 2015 година да ја искористат со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка“ во сирискиот Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

Лицата поврзани со терористичката организација, дури и по ослободувањето на центарот на Африн продолжуваат со клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, која Вооружените сили на Турција (ТСК) и Слободната сириска војска (ССВ) ја покренаа на 20 јануари.

На социјалните мрежи се појави фотографија со опис „Ова е Азаз.Терористите ги продаваат работите, украдени во Африн“, која всушност е направена во 2015 година и не е поврзана со операцијата „Маслинова гранка“.

На фотографијата може да се види пазар на кој се продаваат работи кои припадниците на ДЕАШ ги украле при пљачкање на куќа во Рака.

Исто така, Слободната сириска војска, претходно соопшти дека ја прекинала соработката со двајца припадници кои биле вмешани во обидот за пљачка во Африн и дека во слични ситуации ќе бидат применети сериозни санкции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.