Aldıjana Hadzıc
07 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Патниците кои ќе се најдат на метро станицата Јеникапи во Истанбул ќе бидат во можност да ја посетат изложбата на фотографии на Anadolu Agency (АА) фотографиран за време и по обидот за државен удар од страна на терористичката организациија ФЕТО во Турција на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложените фотографии станаа симбол на отпорot за време на обидот за државен удар.
Фотографијата со две жени зад воланот на камион, на авторот Мунир Закироглу, фотографијата направена на мостот на мачениците од 15 јули, некогаш позната само како Босфорскиот мост на авторката Елиф Озтурк, беа избрани за најдобри за месец јули, а го заседоа своето место на оваа изложба.
Денеска се одржa Mитинг на демократијата и загинатите херои, на кој присуствуваа неколку милиони граѓани. Претходно, турските власти овој митинг го оценија како најважен политички митинг во историјата на Република Турција.
Првиот митинг на којшто заедно учествуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, премиерот на државата и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АК партија), Бинали Јилдирим и претседателите на опозициската Републиканска народна партија (CHP) Кемал Киличдароглу и Партијата за национално движење (MHP) Девлет Бахчели, во присуство на околу пет милиони луѓе.