Ihvan Radoykov
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
СОФИЈА
На бугарско-турската граница, во близина на селото Лесово во регионот Хазабејли, избувна пожар кој сеуште не е ставен под контрола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на гувернерот Хаскоја, кому му припаѓа Лесово, прогласи состојба на катастрофа во регионот, наведувајќи дека пожарот се шири кон градовите Тополовград и Свиленград и дека премина преку реката Тунџа.
Гувернерката Стефка Здравкова потврди дека пожарот под влијание на силниот ветер се приближил кон селото Присадец, на подрачјето на Тополовград.
На повикот на канцеларијата на гувернерката побарана е помош од војската во гаснење на пожарот, во што учествуваат и граѓаните.
Националниот завод за метеорологија прогласи денес објави предупредување поради пожар во 14 региони на истокот на Бугарија поради силниот ветер и екстремните температури.