Yunus Okur
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
ЕРЗУРУМ (АА) - Гувернерот на турската област Ерзурум, Окај Мемиш, изјави дека две лица се спасени под урнатините по земјотресот со јачина од 5,1 степен кој го погоди североистокот на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мемиш за АА изјави дека се наоѓа во околината на Ќопруќој, епицентарот на земјотресот, и дека внимателно ја следи ситуацијата.
Тој истакна дека општинските спасувачки тимови и Управата за вонредни состојби продолжуваат со активностите во регионот.
„Спасени се две лица кои биле под урнатините во населбата Топчу. Тимовите продолжуваат со активностите во тоа подрачје“, рече Мемиш.
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди подрачјето на Ќопруќој во Ерзурум.
Од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопштено е дека епицентарот на земјотресот е регистриран во Ќопруќој во 15:40 часот по локално време.
Според соопштеното, земјотресот се случил на длабочина од 6,94 километри.