Onur Usta
12 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
ПАРИЗ (АА) - Против почесниот претседател на радикално-десничарскиот Народен фронт (ФН), Жан-Мари Ле Пен, покрената е истрага поради расизам, јавува Anadolu Agency (AA).
„Вчера против мене е покрената истрага. Замислете, затоа што сум го користел зборот печење”, напиша Ле Пен на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Ле Пен во 2014 година во еден текст објавен на службената интернет страница на француската партија на Националниот фронт во 2014 година напиша: „Следниот пат ќе ги спречиме”, а тоа се однесувало на уметниците од еврејско потекло.
Европскиот парламент во октомври минатата година на генералната седница во Стразбург донесе одлука со која се укинува имунитетот на Ле Пен поради „ширење расистичка омраза”.