Ekipa
01 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во рамките на истрагата за структурите на ФЕТО инфилтрирани во Турските вооружени сили, што ја спроведува турското Обвинителство, донесена е одлука за приведување на 70 осомничени, од кои има лица во активна служба, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата за структурите на ФЕТО во турските возухопловни сили, што ја спроведува Јавното републичко обвинителство на Турција од Анкара, донесена е одлука за приведување на 20 осомничени, од кои 9-мина се во активна служба.
Во соопштението што го објави Јавното обвинителство се вели дека е откриена комуникацијата што тајните имами на ФЕТО преку телефонски говорници и припејд броеви ја имале со 20 осомничени од Командата на воздухопловните сили, по што е започната истрага.
Со наредба на Јавното обвинителство, во акција стапиле екипите на Одделението за борба против тероризмот од полицијата на Анкара, спроведувајќи операција за приведување на 20 лица, од кои 9-мина активни војници во Анкара, Дијарбакир, Бурса, Истанбул, Маниса, Османије, Имир, Кахраманмараш, Коџаели, Коња и Баликесир.
Меѓу осомничените две лица се потполковници, двајца се поручници од прва класа, тројца поручници, 13 подофицери. Досега се приведени 9 лица.
Паралелно со тоа, во одделна истрага против инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО во турската војска, државното Обвинителство во Коња утрово нареди приведување на 50 осомничени, меѓу кои и повеќе активни војници.
Полицијата започна акција за приведување на осомничените во 18 турски области.
Целиот процес е воден од Коња, каде што продолжува истрагата на Јавното републичко обвинителство, насочена кон структурите на ФЕТО.
Во тие рамки, по утврдувањето на исправноста на изјавите добиени од лица на воениот персонал, коишто биле припадници на организацијата, и од изјавите на „доверливите имами“, за кои е откриено дека биле одговорни за овие лица, со тврдење дека постојат членови на организацијата вметнати во Турските вооружени сили, донесена е одлука за приведување на 50 осомничени, меѓу кои има и активен воен персонал.
Тимовите на Одделот за борба против шверцот и организираниот криминал на обласната полиција, започнаа истовремена операција во 18 турски области, раководена од Коња.
Во тек се операции за приведување на осомничените, меѓу кои е утврдено дека има и лица кои претходно биле суспендирани од службата во Турските вооружени сили (ТСК).