Aysu Biçer
26 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
ЛОНДОН (АА) - Полска ја избра Шведска за купување на три нови подморници во рамките на договор од одбраната вреден повеќе милијарди евра, насочен кон зајакнување на нејзината безбедност во Балтичкото Море, соопшти денес министерот за одбрана Владислав Косињак-Камиш, пренесува Анадолу.
ТВП Ворлд објави дека договорот, вреден околу 2,36 милијарди евра, ќе овозможи испорака на бродовите од страна на шведската одбранбена група Сааб во рамките на долго планираната програма за подморници Орка на Полска.
Косињак-Камиш, кој е и заменик-премиер, ја опиша набавката како голем чекор во модернизацијата на поморските капацитети на земјата.
Полска нагло ги зголеми издвојувањата за одбраната од почетокот на војната на Русија против Украина во 2022 година, започнувајќи широка акција за набавки во рамките на своите вооружени сили.
Официјални претставници велат дека договорот за подморници е еден од најголемите договори досега, додека Варшава продолжува со напорите за зајакнување на Источното крило на НАТО.