Mustafa Deveci
11 Октомври 2021•Ажурирај: 12 Октомври 2021
КУДС (АА) - Поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео тврди дека окупираната палестинска територија Западен Брег е „вистинската татковина на израелскиот народ“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Помпео и поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху го посетија центарот за производство на вино „Псагот“ на Западниот Брег, во сопственост на еврејски доселеници.
Во своето обраќање, Помпео, потсетувајќи на извештајот подготвен за време на неговиот мандат како министер дека САД не го гледаат Израел како окупаторска сила на Западниот Брег, рече: „Јудеја и Самарија (името што Евреите го дадоа на Западниот Брег) oва е вистинската татковина на израелскиот народ.“
Истакнувајќи дека Израел е демократска земја, Помпео додаде: „Прифаќаме дека не е окупаторска нација. Ова не е земја на апартхејдот.“
Додека беше на функција, Помпео ја посети нeлегалната еврејска населба „Псагот“ на Западниот Брег на 19 ноември 2020 година.
Мајк Помпео познат по своите произраелски ставови, беше првиот американски државен секретар кој ги посети нелегалните еврејски населби.