Erbil Başay
13 Ноември 2020•Ажурирај: 14 Ноември 2020
БЕРЛИН
Осумдесетгодишниот поранешен пратеник Јирген Тоденхофер, кој ја напушти Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, основаше партија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тоденхофер, откако објави дека основа партија, првиот настан го организира пред Бранденбуршката порта во Берлин.
Поранешниот пратеник Тоденхофер, критикувајќи ги германските партии и политичари, рече: „Лажењето и насилството станаа нормална алатка на германската политика.“
Истакнувајќи дека се спротивставува на испраќањето германски трупи во меѓународни мисии, Тоденхофер рече дека со испраќање трупи во овие мисии се задоволуваат интересите на Соединетите Американски Држави да станат светска сила.
Наведувајќи дека сака да стави крај на разликата помеѓу имигрантите и Германците уште при раѓање, Тоденхофер нагласи: „Сите ние сме Германци со исти права. Не постојат Германци од прва и од втора класа.“
Тоденхофер исто така посочи дека е потребно посилно спротивставување на расизмот во Германија.
Наведувајќи дека германската Влада го изгубила својот кредибилитет, Тоденхофер истакна дека партијата што ја основал ја именувал како „Тим Тоденхофер“ и дека неговата партија ќе учествува на општите избори следната година.
Тоденхофер беше заменик на ЦДУ во периодот 1972 - 1990 година, а потоа работеше како новинар. Има објавено многу книги за Блискиот Исток.