Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 03 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт беше условно ослободен од затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Седумдесетгодишниот Олмерт ,е условно ослободен, откако отслужи две третини од 27-месечната затворска казна која му беше изречена поради обвиненија за корупција.
Тој е првиот шеф на израелската влада кој заврши во затвор.
Олмерт за премиер беше назначен во 2006 година, а три години подоцна тој поднесе оставка.