Ekipa
02 Јули 2017•Ажурирај: 02 Јули 2017
ЈАНГОН (АА) - Мјанмарските власти затворија три бегалски кампови во западната држава Ракајн во согласност со препораките на советодавната комисија, соопштија властите во Мјанмар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Комисијата предводена од поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, во април ѝ препорача на Владата на Мјанмар да развие сеопфатна стратегија за затворање на сите кампови за раселени лица во државата Ракајн и дека, како прв чекор во спроведувањето на стратегијата се затворањето на три кампа.
Камповите кои се затворени, се наоѓаат во Кјаупју, Пауктав и Рамре изјави советникот за национална безбедност на владата на Мјанмар, Таунг Тун, во изјавата за весник близок до владата.
Најголемиот и последен кој е затворен е кампот во кој се наоѓале 215 домаќинства на Рохинга муслимани, во близина на главниот град Ситве.
„Повеќето од нив се преместени во близина на селото Мин Тоа Пар, додека други се преместени во други села каде што имаат роднини“, рече Мин Аунг, портпарол на регионалната влада на Ракајн во телефонска изјава за АА.
Тој додаде дека властите на оние што се вратиле им обезбедиле финансиска помош за да има од што да живеат.
Првиот камп во Рамре, во кој се наоѓаа 55 семејства, беше затворен во април. Повеќето од нив беа преместени во најголемиот град Јангон, пред да се вратат во домовите во Рамреu.
Вториот камп, во кој се наоѓаа 65 домаќинства, беше затворен во месец мај.
Од 2012 година овој регион беше зафатен од бран насилства меѓу етничките ракајн будисти и Рохингите во кој животите ги изгубија околу 100 луѓе, а околу 120.000 беа раселени во камповите меѓу кои мнозинството се членови на малцинските групи на Рохингa муслиманите.