Emel Öz Gözellik
29 Јуни 2018•Ажурирај: 30 Јуни 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 14 мигранти се спасени откако потона брод со 100 лица, во близина на источниот брег на либискиот град Триполи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на поморските сили, Ејуп Касим, потврди дека екипите на терен спасиле 14 лица од бродот кој потона. Додаде дека сè уште не е откриено од кои земји се мигрантите кои по илегални патишта се обиделе да дојдат до некои европски земји.
Касим рече дека бродот потонал во близина на источниот брег на Триполи. Според локалните и меѓународните извори, во Либија се наоѓаат мигранти од 24 земји. Околу 95 отсто од нив се жители на африканските земји кои преку Медитеранот се обидуваат да дојдат во Европа.
Според податоците на ОН, на опасната мигрантска маршрута во Медитеранот, оваа година животот го загубија најмалку 785 мигранти. Либиската морнарица, сепак, тврди дека минатата година спасила речиси 16.000 мигранти на оваа маршрута.