Lokman İlhan
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
КАРАКАС (АА) - При потонувањето на кану во реката Ориноко во Венецуела, животот го загубија 6 лица, од кои 5 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што на својата веб-страница ја објави најтиражниот венецуелски весник „Ultimas Noticias“, потонало кану во реката Ориноко, која се наоѓа во југозападниот дел на земјата, во сојузната држава Боливар.
Директорот за цивилната заштита на Боливар, Анхел Родригес, соопшти дека во несреќата се спасени 14 лица, а 6 лица ги загубиле животите, од кои 5 се деца.
Се претпоставува дека е голема веројатноста кануто да потонало бидејќи превезувало повеќе патници од дозволеното. Се истражува дали патниците во кануто носеле елеци за спасување.
Во 2017 година, во реката Ориноко потона брод, а во несреќата животот го загубија 7 лица.