Fuat Kabakcı
30 Јануари 2019•Ажурирај: 30 Јануари 2019
ПЕКИНГ (АА) - На отворено море кај источниот брег на Тајван, се случи земјотрес со интензитет од 5,2 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот центар на мрежи на земјотреси соопшти дека на отворено море кај градот Хуалјан, во источниот дел на Тајван, се случил земјотрес со интензитет од 5,2 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 20 километри, а засега нема информации за загинати или повредени во оваа природна непогода.
Од друга страна, тајванскиот Центар на канцеларијата за време соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,7 степени, на длабочина од 38,8 километри.