Ekipa
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
ЊУЈОРК (АА) - Дејвид Рокфелер, американскиот банкар воедно и најистакнатиот и најстар член на богатата фамилија Рокфелер, почина во 101-та година од својот живот, пренесува Anadolu Agency (АА).
Портпаролот на Рокфелер, Фрејзер П. Сеител, потврди дека американскиот банкар починал утрово во својот дом во Њујорк.
Рокфелер беше шесто дете на Џон Д. Рокфелер Џуниор и внук на основачот на нафтената компанија Џон Д. Рокфелер.
Дејвид Рокфелер исто така беше на чело на банката ЏП Морган Чејс.
По повод одбележувањето на 100-от роденден во 2015 година, Дејвид Рокфелер поклони 1.000 акри земјиште на националниот парк во сојузната американска држава Мејн.