Elvir Hociç
20 Март 2017•Ажурирај: 21 Март 2017
КАРТУМ (АА) - Патнички авион со 44 патници се урна денес при слетувањето на аеродромот во Јужен Судан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Порталот од Јужен Судан, „Ерлајв“ јавува дека патничкиот авион на компанијата „Саут суприм ерлајнс“ се урнал денес, при слетувањето на аеродромот „Вау“ во Јужен Судан.
Истиот извор јавува дека во авионот се наоѓале 44 патници, а се стравува дека нема преживеани.
Од друга страна, некои локални извори објавија дека во несреќата нема загинати, но дека голем е бројот на повредените.
„Саут суприм ерлајнс“ е јужносаудиска авиокомпанија, која со работа започна во септември 2013 година.